НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:
Кое е работното време?
Работното време е од 07:00 до 21:00 часот секој ден, освен недела.
Како можам да ве контактирам?
Можете да не контактирате:
076/350-388 (Делициа Ченто) – од 07 до 21 часот (пон-саб)
* за информации и нарачки поврзани со декорирани торти
076/350-389 (Делициа Аеродром) – 07 до 21 часот (пон-саб)
* за општи информации и нарачки на торти со стандардна декорација
Во текот на работното време, како и во недела можете да ни пишете на Facebook, Instagram и Viber.
Како можам да порачам декорирана торта?
Контактирајте не на еден од погоре наведените начини, а на нашите вработени пренесете им ги сите потребни информации:
– Состав и број на парчиња
– Слика и детален опис (доколку тортата не е со стандардна декорација)
– За кој датум Ви е потребна нарачката и на кој начин ќе ја преземете:
1. Во колку часот сакате да ја подгнете (дали од Делициа Ченто или Делициа Аеродром) или
2. Податоци за достава – адреса (доставата се доплаќа 100 ден, а се врши во два интервали од 10 до 15 часот или од 16 до 19 часот)
– Име и презиме / Телефон
***За потврда на нарачката ќе добиете СМС***
Кои состави на торти ги имате?
Составите на тортите можете да ги погледнете на следниот линк:
https://delicia.mk/wp-content/uploads/2022/03/KatalogZaWeb.pdf
Каде може да ги погледнам големините на тортите?
Ние сакаме секогаш да го добиете она што го очекувате, затоа Ве молиме погледнете ги димензиите на тортите подолу пред да нарачате на следниот линк:
Големини на торти
Доколку тортата се изработува во форма на круг, срце или било која друга форма истата содржи исто толку материјал како и кога е во правоаголна форма. Односно, дозата за изработка на торта (на пример од 55 парчиња) е иста без оглед на формата (правоаголна, кружна, срце и сл.). Ве молиме имајте го ова во предвид со оглед дека правоаголната форма е секогаш налесна за сечење и може да се пресечат оптимален број на парчиња.
Просечната висината на тортите е од околу 9-10 цм и може да се разликува од еден до друг состав. Доколку заради декорацијата тортата треба да биде повисока од стандардната висина, тортата ќе биде направена повисока за сметка на обемот на истата.
Немам посебна декорација, која цена се тортите кои ги изработувате со стандардна декорација?
На следниот линк можете да ги погледнете тортите со стандардна декорација:
https://shop.delicia.mk/product-category/%d1%82%d0%be%d1%80%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/
Колку време однапред треба да нарачам?
Зависи од декорацијата.
– Тортите со стандардна декорација ги имаме во секое време и можат да бидат нарачани дури и истиот ден.
– Тортите со декорација со шлаг пожелно е да бидат нарачани најмалку два дена однапред
– Тортите со декорација со фондан пожелно е да бидат нарачани најмалку 7 дена, а за одредени изработки пр. Невестински торти со рачно изработени цветови или торти со повеќе сложени фигури од фондан, најмалку две недели однапред.
Како да се осигурам дека нарачката е забележана?
Покрај тоа што во самата комуникација ќе биде потврдено дека нарачката е забележана , при забележување во нашиот систем стигнува СМС порака на телефонскиот број кој е оставен за контакт, во која е содржан бројот на нарачката и датумот на истата.
Ве молиме доколку не добиете таква потврда, известете не за да провериме дека е се во ред.
Дали можете да ја доставите нарачката?
Да, имаме сопствена достава. Тортите се доставуваат со комбиња со ладилник, а доставате ја вршиме на територија на општините:
Центар,
Аеродром
Карпош
Гази Баба (Ченто, Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари, Стајковци, Инџиково, Хиподром, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери)
Ѓорче Петров (Ѓорче Петров, Мирче Ацев, Даме Груев, Новоселски Пат, Кисела Јабука, Волково)
Чаир
Бутел (Бутел 1, Бутел 2, Радишани, Визбегово)
Кисела Вода (Кисела Вода, Драчево, Пинтија)
Илинден (Илинден, Марино, Кадино)
ВАЖНО: Доколку до адресата/местото за достава нема асвалтен пат или пак е на стрмно угорно место, поради опасност од оштетување при транспорт на Вашата или некоја друга нарачка, доставата нема да биде извршена. Доставувачот има обврска да Ве контактира и да договорите начин на кој ќе ја преземете нарачката.
Во кој период да ја очекувам доставата на нарачката?
Доставата ја вршиме секој ден во два временски интервали и тоа:
– од 10 до 15 часот
– од 16 до 19 часот
При нарачката можете да изберете еден од понудените интервали и Вашата нарачка ќе биде испорачана во рамките на истиот. Доставата ќе биде извршена во рамките на избраниот период на достава и притоа нема можност за договарање на точно време, односно точен час за достава на конкретна локација.
Ние се трудиме секогаш да го испочитуваме договорениот период за достава, меѓутоа понекогаш постојат фактори на кои не може да влијаеме, како што се: сообраќај, временски услови и слично.
Дали доставата се наплаќа?
Да, достава се доплаќа 100 денари.
Дали нарачката можам да ја платам на доставувачот?
Да, доколку нарачката се доставува на домашна адреса истата може да се плати при достава. Доколку нарачката се доставува директно во ресторан/игротека, треба однапред да биде платена.
На кој начин можам да ја платам нарачката?