Сите наши производи можат да бидат доставени од страна на нашите доставувачи под следните услови:

ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД НА ДОСТАВА

Доставата ја вршиме секој ден во два временски интервали и тоа:

  • од 10 до 15 часот
  • од 16 до 19 часот

 

При нарачката можете да изберете еден од понудените интервали и Вашата нарачка ќе биде испорачана во рамките на истиот. Доставата ќе биде извршена во рамките на избраниот период на достава и притоа нема можност за договарање на точно време, односно точен час за достава на конкретна локација.

Ние се трудиме секогаш да го испочитуваме договорениот период за достава, меѓутоа понекогаш постојат фактори на кои не може да влијаеме, како што се: сообраќај, временски услови и слично.

ЛОКАЦИИ ЗА ДОСТАВА

Доставата ја вршиме на територија на општините:

  • Центар
  • Аеродром
  • Карпош
  • Гази Баба (Ченто, Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари, Стајковци, Инџиково, Хиподром, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери)
  • Ѓорче Петров (Ѓорче Петров, Мирче Ацев, Даме Груев, Новоселски Пат, Кисела Јабука, Волково)
  • Чаир
  • Бутел (Бутел 1, Бутел 2, Радишани, Визбегово)
  • Кисела Вода (Кисела Вода, Драчево, Пинтија)
  • Илинден (Илинден, Марино, Кадино)

ВАЖНО: Доколку до адресата/местото за достава нема асвалтен пат или пак е на стрмно угорно место, поради опасност од оштетување при транспорт на Вашата или некоја друга нарачка, доставата нема да биде извршена. Доставувачот има обврска да Ве контактира и да договорите начин на кој ќе ја преземете нарачката.

При нарачка ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се одбере реонот за достава. Ве молиме одбраниот РЕОН  да соодетствува со адресата на испорака која е наведена во нарачката. Доколку адресата се наоѓа во реон каде не вршиме достава, испораката нема да може да се изврши. Во овој случај ќе бидете контактирани со цел да договориме место и начин на преземање на нарачката.

ПОДАТОЦИ ЗА ИСПОРАКА

Доставата ќе биде извршена на местото/адресата наведена при Вашата нарачка. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е доставувачот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да ја преземете истата.

Доколку доставувачот од причини на Ваша страна не успее да ја достави нарачката должен е да ја врати. Во ваков случај ДЕЛИЦИА нема обврска да врши повторна достава на истата нарачка и Вие сте должни да ја подигнете од нашето продажно место на ул. Финска бр.185, Скопје.

 

ПЛАЌАЊЕ

Минималниот износ на нарачката доколку истата треба да биде доставена е 500 денари. Доставата е бесплатна до поголемиот дел од населбите / реоните за достава. До одделни подалечни места доставата се доплаќа 100,00 денари и тоа:

  • Визбегово, Даме Груев, Волково, Радишани, Кадино, Бардовци
Updating…
  • Нема производи во кошничката.