Колку голема торта Ви треба за да ги послужите сите гости?

Ние сакаме секогаш да го добиете она што го очекувате, затоа Ве молиме погледнете ги димензиите на тортите подолу пред да нарачате.

**Важно**

Доколку тортата се изработува во форма на круг, срце или било која друга форма истата содржи исто толку материјал како и кога е во правоаголна форма. Односно, дозата за изработка на торта (на пример од 55 парчиња) е иста без оглед на формата (правоаголна, кружна, срце и сл.). Ве молиме имајте го ова во предвид со оглед дека правоаголната форма е секогаш налесна за сечење и може да се пресечат оптимален број на парчиња.

Просечната висината на тортите е од околу 9-10 цм и може да се разликува од еден до друг состав. Доколку заради декорацијата тортата треба да биде повисока од стандардната висина, тортата ќе биде направена повисока за сметка на обемот на истата.

Updating…
  • Нема производи во кошничката.